| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.08.2017

Прилеп на нозе, гостува Пелистер

Попладнево во фокусот е дербито на Пелагонија во кое се среќаваат лутите ривали Победа и Пелистер. Мечот започнува во 17 часот а се игра на стадиончето на Могила

Победа - Пелистер е дуелот кој предизвикува најголемо внимание од останатите три во првото коло во Првата лига. Дербито на Пелагонија  секогаш се проследува со интерес и во Прилеп и во Битола. Овојпат се игра под „Маркови кули“ но на стадиончето на Могила, кое секако дека ќе биде преполно за да се видат на дело засилените и амбициозни екипи на Победа и Пелистер. Сепак и двата тренери, и Штерјовски и Захариевски нема да можат да сметаат на сите свои играчи. Особено гостите ќе бидат ослабени со неиграњето на Бојовиќ, Силва и Илијоски. Да споменеме дека свое деби на еден официјален меч на клупата на Пелистер ќе има тренерот Срѓан Захариевски.

 



Датум: 13.08.2017, 14:55
Статијата е прочитана 518 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense