| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.07.2017

„Позитивен“ пораз на Шкендија од Тракаи

Ако се има во предвид дека повеќе од 30 минути тетовци играа со двајца играчи помалку, загубата од 2:1 не е никаква трагедија

Иако можеше да мине и подобро на гостувањето во Литванија кај Тракаи, Шкендија може да биде задоволна што загуби само минимално со 2:1. Имајќи во предвид дека тетовската екипа имаше дури двајца играчи помалку во последните 30 минути од средбата, откако за пет минути црвени картони добија Жуниор и Цуцули. Меѓутоа Шкендија можеше да постигне барем два гола на полувремето. Но момците на Османи практично го „почнаа“ натпреварот со негатива откако уште во 50 секунда примија гол. Потоа израмнија, а на почетокот на вториот дел Тракаи повторно поведе, со што тоа беше конечен резултат.

Интересно и возбуливо прво полувреме одиграа двата тима во кое што Тракаи уште „од соблекувалната“ поведе после една катастрофална грешка на Бејтулаи. Иако Захов имаше контрола на ситуацијата, стоперот се реши да чисти, но лошо го стори тоа, и топката стигна до Максимов кој што од 17-18 метри погоди во мрежата во 50. секунда.

Шкендија почна да доминира и да прави шанси, а Хасани не успеа да реализира после една супер акција.

Тракаи во шанса за 2:0 преку Максимов кој што повторно после еден „кикс“ на дефанзивата, стигна до 13-14 метри, но ударот беше млак и Захов успеа да одбрани.

Веднаш во следната акција, во 39. минута Хасани со супер топка до Жуниор кој што во трк го мина и голманот, и погоди во мрежата. До крајот на полувремето уште една шанса за Шкендија, но обидот со глава на Жуниор заврши во рацете на голманот, и со тоа се замина на одмор со 1:1.

Вториот дел и не можеше да почне полошо за Шкендија. Во 52. минута после центаршут од левата страна, Максимов со глава погоди во мрежата за водство од 2:1. Но, после само пет минути од негативата, тетовци останаа и со играч помалку, откако директен црвен картон доби Жуниор после еден остар старт. Лошите минути продолжија и во 63. минута кога Цуцули беше испратен на „туширање“ после вториот жолт картон, и Шкендија продолжи со двајца играчи помалку во последните пола час од натпреварот.

И во една таква ситуација со девет фудбалери на теренот, и пораз од 2:1 ќе беше позитивен за Шкендија со оглед на состојбата. Сепак, Тракаи не направи ниту една сериозна прилика да дојде и до трет гол, со што натпреварот заврши со тој резултат од 52. минута, и со тоа му дава надеж на тетовскиот тим дека во реваншот во Струмица може да избори место во плеј-офот во ЛЕ.



Датум: 27.07.2017, 20:25
Статијата е прочитана 3141 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense