| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

23.09.2017

„Гипсарите “ под притисок

Ренова загуби на дербито со Вардар, повторно падна на табелата и затоа е под притисок пред денешниот дуел на Шкупи. Сепак без разлика на се, Ренова е фаворит на овој меч.

Ренова загуби на дербито со Вардар, повторно падна на табелата и затоа е под притисок пред денешниот дуел на Шкупи. Сепак без разлика на се, Ренова е фаворит на овој меч.
„Мислам дека сме подготвени за на овој натпревар да ги освоиме трите бодови. Веруваме дека триумфот против Пелистер во предминатото коло беше пресврт во нашата форма, а тоа го покажавме и на дуелот со Вардар во последниот натпревар, кога одигравме на високо ниво. Проблем ни е тоа што имаме голем број повредени, па немаме можност да правиме многу замени во тимот и на тој начин да се бориме со уморот од згуснатиот распоред, но сепак, верувам дека ќе најдеме сили за да славиме на претстојниот дуел со Шкупи“ – вели левиот бек на Ренова, Башким Велија.
Чаричани пан се надеваат на изненадување...
„Свесни сме дека сме во фаза на тешки натпревари, на секои три дена и дека секоја екипа се обидува со што повеќе бодови да се одвои од конкурентите, така што секоја средба е нова мисија и нов предизвик. Пред нас доаѓаат различни противници со сосема различни стратегии на играта и мора да се прилагодиваме на тоа на секој дуел. Овојпат патуваме во Тетово каде што добриот терен на стадионот дава убава можност да се игра квалитетен и брз натпревар. Ренова е противник што треба многу да се почитува, но патуваме во Тетово за да продолжиме со позитивната серија на добри игри и победи и се надеваме дека ќе се вратиме во Скопје со поволен резултат“ – вели офанзивното крило на Шкупи, Шпенд Асани.



Датум: 23.09.2017, 13:57
Статијата е прочитана 385 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense