| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.09.2017

Имаме златни деца, тргнуваме по елита

Македонската репрезентација до 19. години, денеска (13 часот), на теренот на ФФМ го отвора квалификацискиот турнир за ЕП против Швајцарија. Имаме екстра талентирана генерација, се разбира дека најмногу очекуваме од нашата златна „четворка“ Елмас, Чурлинов, Атанасов и Митровски

 

Во сплетот на успесите на македонските младински селекции, почнувајќи од оној истористкиот на У21 репрезентацијата и пласманот на европското првенство, преку пласманот на У-17 репрезентацијата во елитната квалификациска група посакуваме и нашата репрезентација до 19. години да им се приклучи на своите репрезентативни колеги. За тоа
е имаат можност и шанса од денеска па се до 14. ноември кога нашата репрезентација до 19. години е домаќин на квалификацискиот турнир на кој што покрај нас учевстуваат и репрезентациите на Швајцарија, Белгија и Лихтенштајн.

Ние денеска го отвораме турнирот со дуелот против Швајцарија во меч во кој секако посакуваме максимален ефект затоа што само со добар резултат против фаворитите на овој турнир можеме да се надеваме на пласман понатаму. Нашиот национален тим го краси единствено, сплотеност и воиграност од неколкугодишното взаемно играње во националниот дрес, и тоа според зборовите на селекторот Вујадин Станојковиќ е клучниот наш адут.
Ние имаме генерација во која многу веруваме. Не само јас како селектор туку воопшто целата јавност. Тоа се момчиња кои имаат исклучителен квалитет, индивидуални способности, но од друга страна пак оваа генерација на чело со мене како селектор е заедно неколку години од У14, У15, па наваму и тоа се момчиња кои едноставно дишат заедно. Тимскиот дух е исто така наше голем оружје во овие дуели“ - вели нашиот селектор Вујадин Станојковиќ.
Мечот се игра денеска на теренот на ФФМ со почеток во 13 часот, додека во исто време, исто така во Скопје, на стадионот „Борис Трајковски“ играат Белгија и Лихтенштајн.



Датум: 08.11.2017, 10:52
Статијата е прочитана 1926 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense