| контакт | маркетинг
МЕЃУНАРОДЕН ФУДБАЛ

10.11.2017

Седум месеци за Евра

УЕФА жестоко го казни Французинот за удирањето на навивач

Дефанзивецот на Марсеј, Патрис Евра доби жестока казна поради напад на навивач на својот тим пред почетокот на мечот против Виторија во Гимараеш. Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед во наредните седум месеци нема да може да настапува на натпреварите во организација на УЕФА.
Тоа значи дека ќе ги пропушти последните два меча на Марсеј од групната фаза на Лига Европа како и нокаут фазата доколку неговиот клуб избори пласман понатаму. Исто така ќе мора да плати и 10.000 евра.
Евра го удри со нога навивачот на својата екипа кој стоеше зад рекламните паноа, наводно поради тоа што го навредил на расна основа. Марсеј исто така го казни својот фудбалер, а сега реагираше и УЕФА.



Датум: 10.11.2017, 20:35
Статијата е прочитана 472 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense