| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.10.2017


Милевски: Србија е фаворит, но ние имаме потенцијал за победа


Тимскиот дух и поставеноста во играта се нашите адути за триумф над Србија

Репрезентацијата на Македонијка до 21 година во петок го игра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство. По триумфот над Ерменија (3:0), нашите надежи ќе се обидат да дојдат до нови три бода и тоа против една од најквалитетните репрезентации во групата - Србија. Мечот се игра на теренот на Фудбалската федерација во Скопје, а селекторот на националниот тим Благоја Милевски ја препушта фаворитската улога на противникот.
„Србија е главен фаворит за пласман на Европското првенство во Италија, ова го велам поткрепено со фактот дека доаѓа од првиот шешир. Станува збор за репрезентација која е составена е фудбалери кои настапуваат за екипи од Топ 5 лигите во Европа: Бенфика, Фиорентина, Леванте, Ајнтрахт, Црвена Звезда, Партизан... Нè очекува натпревар против квалитетн противник. Но, ние покажавме дека имаме квалитет и потенцијал да бидеме конкурентни и во овие квалификации“, вели Благоја Милевски.
Предводникот на младата репрезентација нема да менува ништо во играта ниту против Србија.
„Овој стручен штаб од кога работи со овие момци, оваа репрезентација без разлика каде играме поставеноста е иста, нема потреба да ја менуваме. Без разлика на противникот нашата филозофија на игра е иста - да се надигруваме и да дадеме сè за да го победиме тој меч. Секогаш не успеваме во тоа, но ние како тим секогаш го дадаме максимумот кога го носиме националниот тим“, вели Милевски.
Македонија нема екстра индивидуалци на кој може да се потпре како што тоа е случај со останатите репрезентации, но како што вели Милевски има одличен тимски дух.
„Секако дека Македонија не може да се потпре на екстра индивидуалните карактеристики на одредени играчи. Нас нè краси добар тимски дух и поставеноста во играта“, завршува нашиот селектор.



Датум: 04.10.2017, 12:26
Статијата е прочитана 383 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense