| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.10.2017

(у17) Ја завршивме задачата

Планиравме да ја победиме Молдавија и тоа го сторивме. Сега ќе чекаме како третопласирани да отидеме во следната квалификациска рудна. Босна и Словачка одиграа реми.

Македонската репрезентација до 17. години ја совлада Молдавија во третиот и воедно последен меч од квалификацискиот турнир на кој сме домаќини. Педмалку нашите фудбалери ја совладаа Молдавија со 2:0, и го завршија турнирот со пет освоени бодови. Во вториот меч, Словачка и Босна одиграа реми, 1:1, резултат што секако му одговараше на двата табора и овие две селекции се првопласирани на табелата. Ние пак, сме трети, но со одличен скор, па многу е веројатно, поучени од изминатите години дека ќе влеземе во оние репрезентации кои и од оваа позиција одат во следната фаза. Такви места има четири.
Само за информација за нас на овој меч погодија, Влада Новевски и Ване Тасевски. Сепак, можеме да бидеме и малку разочарани, затоа што со уште еден постиганат погодок во мрежата на молдавците, ќе имавме подобра гол разлика од Словачка и ќе бевме второпласирани.



Датум: 08.10.2017, 16:51
Статијата е прочитана 640 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense