| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.12.2017

Шкендија ги собра сите награди од ОФС Тетово

*Најдобар фудбалер за 2017 година е Хасани, тренер Османи  а стрелец Ибраими

ОФС Тетово немаше никакви проблеми околу тоа кого да избере за најдобри во сите категории за 2017 година. Имено сите награди и признанија заминаа во ФК Шкендија. Па така за најдобар фудбалер за годината што изминува прогласен е капитенот на есенскиот првак Ферхан Хасани, за најдобар тренер, стратегот на тетовци Ќатип Османи. Додека за најдобар стрелец, „бомбардерот“ на Шкендија Бесарт Ибраими. Додека посебни признанија добија Егзон Бејтулаи и Мевљан Мурати, и двајцата како фудбалери на Шкендија настапија за Македонија на ЕП во Полска за репрезентации до 21 година.



Датум: 24.12.2017, 15:28
Статијата е прочитана 1084 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense