| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.11.2017

Ока Николов во стручниот штаб на ЛА Галакси

Славниот американски тим го зема Македонецот да биде тренер на голманите

Ока Николов е нов тренер на голманите на Лос Анџелес Галакси. Тој во славниот тим од САД доаѓа од екипата на Форт Лаурдедале Страјкерс.

„Ока Николов е одличен тренер со големо искуство кој што сметаме дека супер би се вклопил во нашиот тим“, изјави Сиги Шмид, шефот на стручниот штаб на ЛА Галакси.

Николов во минатото го бранеше голот на Ајнтрахт Франкфурт, тим во кој што стана легенда. Беше тренер на голманите во репрезентацијата пред да замине во Америка во тимот на Филаделфија Унион.

ЛА Галакси е славен тим од САД во кој што во минатото настапуваа Дејвид Бекам, Роби Кин, Стивен Џерард, Жунињо, Абел Ксавиер...

Во моментов во оваа екипа настапуваат Ешли Кол, Џовани дос Сантос, Џермејн Џонс... Голмани со кои ќе работи Николов се Брајан Роуви, Клемент Диоп и Џон Кемпи.



Датум: 09.11.2017, 12:04
Статијата е прочитана 999 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense