| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.03.2017

Металург ќе се „вади“ во Турново

Двата некогашни прволигаши се мачат во оваа конкуренција да извлечат опстанок

Втор дуел викендов на релација Скопје – Струмица е мечот Хоризонт Турново и Металург. Двата некогашни силни прволигаши сега се мачат во оваа конкуренција да извлечат опстанок. Домаќинот двапати загуби на стартот, Металург освои бод против Еуромилк.
„Немаме многу опции пролетва. Едноставно мора да се освојуваат бодови. Турново, како и грото од второлигашките екипи е домашен тим, добро игра пред своите гледачи, но ние посакуваме полн плен. Имаме проблеми во составот, неколку повредени играчи меѓу кои сум и јас, но ќе ’стиснеме’ заби што се вели и ќе настапиме најсилно што можеме“ - вели пак Христос Папули од Металург.

ЛИСИЧАНИ ПО БОДОВИ ВО  КИЧЕВО
Влазерими во најнезгоден момент како за себе така и за противниците влезе во негативна серија. Кичевци двапати загубија и сега на домашен терен против Еуромилк ќе се обидат да стигнат до прва позитива пролетва. Лисичани, пак, со своите математики, и четирите бода освоени пролетва, секако дека не планираат да загубат, туку напротив, уште повеќе да се доближат до самиот врв на табелата кој се знае каде води на крајот од шампионатот.

ДВОЈКИ:
СКОПЈЕ – А. ПАНДЕВ 2:1
ДЕНЕСКА 14:00 ч.
НОВАЦИ - ВАРДАР
ТЕТЕКС - ТИКВЕШ
ВЛАЗЕРИМИ - ЕУРОМИЛК
ХОРИЗОНТ Т - МЕТАЛУРГ



Датум: 19.03.2017, 12:38
Статијата е прочитана 582 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense