| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.01.2017

Тричко не знае за доста! И шести гол во шестиот меч во серија...

Нашиот напаѓач продолжува да „тресе“ во кипарскиот шампионат. Попладнево тој на АЕК Ларнака му донесе бод на гостувањето кај Арис

Иван Тричковски е во фантастична форма. Попладнево тој на својот АЕК Ларнака му донесе бод на гостувањето кај Арис. Домашните поведоа во 11. минута а нашиот напаѓач постигна гол за конечните 1:1 во 45+1. минута. Ова е негов шести гол во шестиот меч во серија кога станува збор за првенствените мечеви за АЕК Ларнака во шампионатот на Кипар. Тој стрела по четврти пат во серија за својот тим во Новата 2017 година, на исто толку мечеви. Нема што, импресивни бројки стојат зад нашиот репрезентативец во последно време.

 

 



Датум: 21.01.2017, 19:45
Статијата е прочитана 1587 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense