| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.11.2017

Шкендија ќе биде најдобриот есенски првак

На мечот со Ренова, на Шкендија ѝ треба само еден бод за да ја дочека пролетта на врвот од табелата. Ако на двете последни средби со „гипсарите“ и со Пелистер освои најмалку три бода, тогаш ќе биде најдобриот есенски првак во последните неколку години

Шкендија оваа есен руши рекорди, одлично игра, расположена е за голови, победува во серија. Има неверојатна серија од 21 меч со постигнат гол во Првата лига и 15 меча како домаќин на кои ја тресеше гостинската мрежа. Оваа есен, на сите 16 изминати меча, Шкендија постигнуваше голови, и тоа не помалку од два.
Но, сепак, Шкендија најмногу ја интересира титулата во сезоната 2017-2018, сѐ друго ќе се заборави. Интересно е тоа дека Шкендија во сезоната 2010-2011, кога беше шампион, беше и есенски првак.

Против „гипсарите“ ќе биде доволно и реми

А за да биде есенски првак оваа сезона, ѝ недостига само еден бод. Имено, сега Шкендија му бега 11 бода на Вардар, но тетовци имаат да играат два, а шампионот четири меча. И ако имаат ист број бодови, тогаш Шкендија е подобра и поради гол-разликата, но и поради подобриот меѓусебен биланс. Значи, треба да се случи чудо Шкендија да загуби на двата меча со Ренова и со Пелистер, се играат на „Еколог арената“, а Вардар, пак, да победи на сите четири до крајот на есенскиот дел.

Недостигаат 3 бода за рекорд

Инаку, интересно е тоа што Шкендија може да биде и најдобриот есенски првак ако се земат предвид само последните неколку сезони. Имено, по 16. коло, тетовци имаат освоено 40 бода и со најмалку 3-4 освоени бода на следните два меча со Ренова и со Пелистер, ќе имаат 43-44, може да имаат и максимални 46. Засега Вардар е најдобар со 43 бода од минатата есенска сезона. И во двете полусезони Вардар одигра 18 меча, исто како што ќе одигра и Шкендија. Да кажеме дека Шкендија во таа 2010 година освои 35 бода на 18 натпревари.

Бодови за есенските прваци

2015: ВАРДАР 43 БОДА/18 МЕЧА
2016: ВАРДАР 41 БОДА/18 МЕЧА
2014: ВАРДАР 38 БОДА/17 МЕЧА
2012: ВАРДАР 38 БОДА/18 МЕЧА
2010: ШКЕНДИЈА 35 БОДА/18 МЕЧА
2013: ХОРИЗОНТ 34 БОДА/19 МЕЧА
(ШКЕНДИЈА 16 13 1 2 40 БОДА)



Датум: 24.11.2017, 14:45
Статијата е прочитана 948 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
22.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense