| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.02.2017

Вардар и Шкендија повторно без гостински навивачи

Првото полуфинале од Купот на Македонија е прогласен за меч од висок ризик и поради тоа нема да има гостински навивачи

Во краток временски период Вардар и Шкендија утре одново ќе ги одмерат силите, овој пат во рамките на полуфиналето од Купот на Македонија. Сепак, со одлука на надлежните институции и на оваа средба ќе важи забраната за присуството на гостински симпатизери. Иста таква одлука беше донесена и пред неколку денови кога овие два колективи ги одмерија силите во домашниот шампионат.
Картите чија вредност е сто денари, можат да се купат од билетарницата на „Телеком“ арената која што утре ќе работи од 10 до 13:45 часот. Почетокот на дербито е предвиден за 14:00 часот.



Датум: 28.02.2017, 12:45
Статијата е прочитана 1585 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
17.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense