| контакт | маркетинг

22.10.2017

Маркез се доближи до четвртата титула во Мото ГП

Шпанецот победи во Австралија и ја зголеми бодовната разлика во однос на конкурентот Довициозо

Шпанецот Марк Маркез се доближи до четвртата титула во кариерата во Мото Гп, откако успеа да триумфира на Гран при во Австралија.Тоа беше шести триумф на возачот на Хонда оваа сезона, а притоа го зголеми бодовното салдо на 33 поени во однос на најголемиот конкурент во генералниот пласман Андреа Довициозо.
24-годишниот Шпанец поведе по шестиот круг и до крајот го задржа водството иако на три круга пред крајот постојано имаше притисок од Роси, Вињалес и Зарко. А Довициозо имаше исклучително лоша трка и заврши на 13. место.
Втор низ целта мина Валентино Роси, кој се врати на подиумот по скршеницата на ногата пред трката во Мизано. На третото место заврши другиот возач на Јамаха Маверик Вињалес кој во дуелот за место на подиумот беше подобар од Жоан Зарко.
Наредната трка од Светскиот шамспионат се вози наредната недела за Големата награда на Малезија на патеката „Сепанг“.

 



Датум: 22.10.2017, 12:50
Статијата е прочитана 316 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense