| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.11.2017

Без медиумски интерес за средбата во Сан Себастијан

За шпанските медиуми поважни се средбите од Лигата на шампионите, отколку во Лигата на Европа

Денеска низ спортските телевизии во Шпанија, може да се видат само најинтересните моменти од средбите во Лигата на шампионите. Особено на „тапет“ кај медиумите е Реал Мадрид за кого пишуваат дека е во криза после двата последователни порази. Потоа ги напаѓаат и другите екипи како Атлетико Мадрид и Барселона кои не успеаја да ги победат Карабах односно Олимпијакос. Анализи од познати фудбалери и стручњаци низ телевизиите, како денеска да не се игра Лигата на Европа.
И на вчерашната прес-конференција на Вардар, само двајца новинари од Шпанија беа присутни. Ниту еден од нив не постави прашање кон Јаневски или кон Фелипе. Тоа доволно кажува колку медиумски не е значаен овој дуел, со оглед дека се очекува лесна победа на Реал Сосиедад.
Ниту низ улиците на Сан Себастијан нема некоја еуфорија. Градот не е окупиран од „сино-бели“ дресови. Затоа, пак, низ градот се стотината навивачи на Вардар кои вечерва ќе бидат на „Аноета“ да го бодрат нашиот шампион.



Датум: 02.11.2017, 18:21
Статијата е прочитана 436 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense