| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

07.12.2017

Добар Вардар, на полувреме само 1:1

Добра игра на нашиот шампион по првите 45. минути со Розенборг, поведе со 1:0 со голот на Итало но Бентнер од пенал во последните секунди израмнува

Најдобар Вардар во групната фаза на последниот меч во ЛЕ. Шанси, добри акции и водство и тоа во 9. минута кога Демири одлично го проигра Николов кој му асистираше на Итало кој убаво се снајде и ја затресе мрежата на Норвежаните. Следуваа шанси и тоа преку Итало, Новак, Барсегјан. Розенборг сепак израмни во последните секунди од првиот дел кога Гачевски го фаулираше Адегбенро во својот шеснаесетник а судијата покажа на белата точка. Бентнер беше стрелецот за 1:1.

 

 



Датум: 07.12.2017, 22:03
Статијата е прочитана 318 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
21.01.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense