| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.07.2017

Шкендија е „челик“ за Хелсинки

Тетовскиот тим долго време имаше негатива, но израмни со голот на Челиковиќ, и со „реми“ се пласираше во следната фаза од Лигата на Европа

Шкендија се пласираше во третото квалификациско коло од Лигата на Европа потешко од очекувањата. Тетовскиот тим имаше долго време негатива кај Хелсинки. Финците поведоа со автоголот на Радески во 28. минута.

И двата тима имаа неколку шанси во финишот на првото, и почетокот на второто полувреме. Хелсинки нападна да даде и втор гол кој му беше потребен за да мине понатаму, меѓутоа Шкендија реши огромно прашање околу патникот во следната фаза.

После една добра акција, Хасани му асистираше од лево, а Челиковиќ од десетина метри стрела во мрежата за израмнување во 71. минута.

До крајот на мечот Хелсинки се обидуваше да спаси елиминација, а шансата на Шкендија беа противнападите, но измена на резултатот немаше.

Шкендија во третото коло го чека подобриот од дуелот Тракаи (Литванија) – Норчепинг (Шведска).



Датум: 20.07.2017, 19:56
Статијата е прочитана 3507 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense