| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

01.02.2018

„Лавовите“ во Охрид ќе се „тестираат“ со Победа, Јавор...

*Откако Општината Ѓорче Петров вбризга финансиска инјекција во клубот, од денеска Македонија ЃП е во Охрид

Македонија ЃП од денеска е во Охрид. Покрај брегот на Охридското езеро „лавовите“ ќе се престојуваат до 11 февруари. Тие таму ќе одиграат и четири пријателски средби, и тоа со Победа, Јавор, Лабуништа и се бара спаринг партнер за четвртата контрола. Инаку во Македонија ЃП работите полека се стабилизираат, имено Општината Ѓорче Петров вбризга финансиска инјекција, сега полесно се дише. Тие пари покрај за првиот тим, ќе бидат искористени и за подобрување на условите за работа во младинската школа на Македонија ЃП која е една од најдобрите во земјата.



Датум: 01.02.2018, 19:04
Статијата е прочитана 893 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
22.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense