| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.02.2017

Тројца „изгореа“ кај Брдариќ!?

Од она што можеше да се забележи на досегашните контроли, се чини дека во стартниот тим на Шкендија под водство на Томас Брдариќ ќе има доста новитети. Најинтересно е тоа што Жуниор, Радески и Јуфо треба да се докажуваат


Стенио Жуниор, Марјан Радески и Виктор Нилдо Јуфо кај новиот стратег на Шкендија Томас Брдариќ, треба и тоа како да се докажуваат. И Томас Брдариќ, стратегот на Шкендија, како и секој тренер кога ќе дојде во новата екипа си има свои замисли. Па така од она што можеше да се забележи на досегашните контроли, се чини дека во стартниот состав на тетовци под водство на Брдариќ ќе има доста новитети.
Јасно е дека не е наша работа да се мешаме во изборот на Брдариќ, за тоа со кој состав ќе „игра“ но малку чудно е тоа зошто токму Жуниор и Радески. За Јуфо и има некое објаснување со оглед на повредата но и фактот дека тој и порано не важеше за првотимец.
Се разбира дека ова и не мора да е точно, тоа е наше гледиште, но факт е дека на изминатите пријателски натпревари сите тројца беа во втор план.
Е сега се поставува прашањето дали тие тројца „изгореа“ и колку време ќе им биде потребно за да се вратат каде што претходно беа. Сепак Жуниор во изминатите две сезони беше еден од клучните играчи во тимот а Радески важи за репрезентативец.

Повеќе во денешното печатено издание на „Македонски спорт“.



Датум: 09.02.2017, 15:14
Статијата е прочитана 5025 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense