| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.08.2017

In Memoriam: Јово Никушев (1931-2017)

На 86 годишна возраст вчера почина Јово Никушев, еден од најпознатите и најуспешните фудбалски имиња во историјата на Македонија

Многумина од фудбалските работници сметаат дека Јово Никушев се вбројува меѓу најголемите и најуспешните  фудбалски имиња во  историјата на Македонија.
Почна да игра фудбал во СК Македонија, клубот кој што по фузијата со Победа, прерасна во Вардар.
Играше во Металец заедно со неколку познати имиња. Стана тренер на 26 години, и така почнува неговата тренерска кариера. Беше тренер на Работнички.
Никушев беше селектор на аматерската репрезентација на Македонија за време на Југославија, а по осамостојувањето назначен за прв селектор на младата репрезентација на Македонија.

 



Датум: 18.08.2017, 18:03
Статијата е прочитана 2840 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense