| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.03.2017

Македонија одигра 2:2 со футсал репрезентацијата на Хрватска

Реми на првата контрола со „коцкестите“, која се одигра вечерва во Велес

Македонската Футсал репрезентација во пријателски натпревар против селекцијата на Хрватска одигра нерешено со резултат 2:2. Нашите репрезентативци одиграа сосема солиден натпревар против 11 селекција на ФИФА ранг листата, на двапати водеа, но Хрватите успеаја да извадат реми. До таков резултат хрватските репрезентативци дојдоа со гол на дваесетина секунди пред крајот на натпреварот.
Претходно, нашата селекција прва го отвори резултатот со голот на Петровиќ, но на полувреме се замина со егал резултат 1:1. Во вториот дел сличен развој на случувањата. Ние повторно дојдовме до водство, овојпат со голот на Глигоров, но и тоа беше залудно поради завршниот удар на хрватската репрезентација.
Ова беше првиот од двата пријателски дуела со Хрватска, а следниот ќе се игра в недела повторно во слата „гемиџии“ во Велес. Овие контролни средби се последна проверка за нашата селекција пред настапот на квалификацискиот турнир за Европското првенство во Словенија во 2018 година, што ќе се игра во Казахстан и на кој освен нашата и репрезентацијата на домаќинот, ќе играат и селекциите на Данска и на Чешката Република.



Датум: 24.03.2017, 21:16
Статијата е прочитана 539 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense