| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.09.2017

Костадинов: Головите се заеднички успех како и победата

Пресреќен сум. Ова е мој прв хет – трик во кариерата. Важна победа за нас.

Тихомир Костадинов е херојот на македонската младинска репрезентација. Тој ги постигна сите голови на денешниот меч против Ерменија и донесе победа, која е „злато“ вредна на самиот старт од квалификациите.
„Одигравме одличен меч. Благодарам за честитките, но верувајте головите не се само мои туку се на целиот тим. Плод се на колективната, тимска игра која не красеше на овој меч и која верувам ќе не краси и на мечеците кои следат. Што да кажам друго. Пресреќен су, презадоволен. Селекторот Милевски по мечот ни рече дека мора да веруваме во самите себеси, затоа што имаме квалитет и тоа за многу повеќе“ - ни изјави Костадинов по мечот.



Датум: 05.09.2017, 19:47
Статијата е прочитана 526 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense