| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

17.01.2017

Брдариќ утре против Пелистер без Буба и Тодоровски

Спектакл во студениот и завеан со снег Охрид. Утре во 14 часот во пријателски меч силите ќе ги одмерат Шкендија и Пелистер. Томас Брдариќ ќе дебитира на клупата на тетовци и не ќе може да смета на грипосаните Хасани и Тодоровски. Кај битолчани свое деби во „зелениот“ дрес ќе имаат Илијоски, Мециновиќ, Силва и др. новаци

Охрид е градот каде што Томас Брдариќ за прв пат од клупата ќе ја води Шкендија, а Пелистер е првиот ривал на новиот стратег на тетовци. Утре во студениот и завеан со снег Охрид, не очекува фудбалски спектакл. Во пријателски меч се среќаваат вториот и третиот на табелата по есенскиот дел од  тековната сезона. И покрај најавите, премислувањата поради временските услови, Шкендија вечерва отпатува во Охрид. Додека Пелистер веќе една недела се подготвува во тој град, тоа значи дека утре мечот со почеток во 14 часот на теренот со вештачка трева, сепак ќе се одигра.
Ако за Шкендија ќе дебитира тренерот Томас Брдариќ кој не ќе може да смета на грипосаните Хасани и Тодоровски, тогаш за пелистерци своето деби како играчи ќе го имаат Илијоски, Мециновиќ, Силва, Блажевски и повратникот Неданоски. Јасно е дека и покрај тоа што ова е пријателски меч, и двете екипи, и Брдариќ и Шенсои стратегот на Пелистер, ја посакуваат победата. Па и поради тој фудбалски престиж.



Датум: 17.01.2017, 20:39
Статијата е прочитана 3279 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense