| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.11.2017

Втора лига Исток: Беласица броеше до шест

Старo нов лидер на второлигашката конкуренција Исток е екипата на Беласица

Струмичани предмалку на домашен терен ја декласираа Плачковица со високи 6:0 и на тој начин уште еднаш покажаа дека се неприкосновени на домашен терен. Тиквеш пак на гостувањето во Кочани кај Осогово по само седум минути игра водеше со 0:2, а на крајот обезбеди триумф со високи 0:4.
Брегалница иако имаше водство од 0:1 во Валандово кај Победа, сепак на крајот мечот заврши 1:1. Во последниот дуел од ова коло, Борец на домашен терен немаше поголеми проблеми со Каменица Саса и триумфираше со 3:0...

Резултати:

Беласица - Плачковица 6:0
Осогово - Тиквеш 3:0
Победа В. - Брегалница 1:1
Борец - Каменица Саса 3:0


TАБЕЛА

1. Беласица 26
2. Брегалница 22
3. Борец 20
4. Кожув 19
5. Плачковица 15
6. Тиквеш 12
7. Саса 11
8. Победа (В) 11
9. Осогово 10



Датум: 04.11.2017, 15:54
Статијата е прочитана 1611 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense