| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

13.09.2017

Кокорин е најголемата закана по Вардар

Зенит се надева дека во Скопје ќе проработи неговиот напаѓач. Александар Кокорин иако има само 26 години, смени многу клубови во Русија. Можеше да замине во Арсенал, но се одлучи за тимот од Санкт Петербург

Александар Кокорин е најголемата закана за голот на Вардар в четврток. Станува збор за голгетер кој одеднаш може да експлодира. Млад е, игра и во шпицот и на крилните позиции, и токму од него треба да се чуваат вардаровите играчи на средбата в четврток.
Шпицот на Зенит дојде во оваа екипа во 2016 година, притоа одбивајќи ја понудата од лондонски Арсенал. Играше за Динамо Москва, за Анжи, а ја мина младинската школа на Локомотив. Често е дел и од националниот тим на Русија. Тој, заедно со Дзјуба, ќе треба да го сочинува нападот на тимот од Санкт Петербург, и од нив да доаѓа најголемата опасност кон голот на Гачевски.

Го бараше Арсенал, не сакаше да оди

На 30 јануари 2016 година, Зенит објави дека Александар Кокорин е негов играч. Дојде од Динамо Москва, а за Зенит одигра 46 натпревари и постигна 13 гола. Кокорин има одиграно 44 натпревари и за „зборнаја“.
Пред да замине во Зенит, доби покана од Арсен Венгер да го засили нападот на Арсенал. Меѓутоа не се реши да тргне по стапките на својот постар поранешен соиграч Андреј Аршавин и се реши да потпише за Зенит, каде што е во моментов. За него стигнуваат уште понуди во секој преоден рок, ама засега им одолева.


 



Датум: 13.09.2017, 11:20
Статијата е прочитана 478 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense