| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

09.02.2017

Сениорите во „слободен“ пад, Косово нè стигна

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранкинг листа се наоѓа на 165. место, односно е три места полошо рангирана одколку минатите два пати.

Досегашното 162 место го заменивме со три места полош ранкинг што со оглед на резултатите на нашата селекција воопшто не треба да изненадува. Е сега, друштво на ова место ни прави ни помалку ни повеќе, туку соседот Косово, кој изминатиот циклус за прв пат беше дел од квалификациите.  Пред нас на листата се да речеме една Аруба, Малезија, Сингапур, Гренада,  Мјанмар, Барбадос и слични егзотични земји.



Датум: 09.02.2017, 10:37
Статијата е прочитана 1302 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense