| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

26.04.2017

(ЖИВО) крај на 29. коло: шкендија конечно го урна вардар во тетово

Дуелот меѓу Шкендија и Вардар е дербито на 29. коло. Се очекува борбен и максимално неизвесен натпревар меѓу Брегалница и Пелистер

Крај на 29. коло: Шкендија - Вардар 3-1, Брегалница - Пелистер 1-1, Победа - Силекс 1-0, Македонија ЃП - Ренова 1-3. 


ШКЕНДИЈА - ВАРДАР 3:1 (1:1)

81’ ГОООЛ - Кикс на Гачевски. Ибраими од лево, се намести на десна нога, шутираше кон голот на Вардар за 3-1.

79’ - Спорен момент на дербито, поништен голот на Џигаури.

70’ - Супершанса за Балотели, но неговиот удар од 10 метри завршува крај десниот дирек на голот на Захов.

63’ ГОООЛ - Гол на Ибраими од 13 метри за водство на Шкендија од 2-1.

42’ ГОООЛ - Добра акција на Вардар, Барсегјан асистира до Балотели кој асистира кој стрела за 1-1.

24’ - Балотели избива сам, но неговиот лоб е лош и Вардар само добива само корнер наместо реми.

15’ ГОООЛ - Радески од десно центрира Меџедовиќ од 13-14 метри стрела прцизно во мрежата на Вардар.

 

БРЕГАЛНИЦА - ПЕЛИСТЕР 1:1 (1:0)

88’ - Нафрлена од десно, исфрлуваат стоперите на Пелистер, но само до Ранѓеловиќ, кој се мести шутира и погодува во пречка.

83’ - Баже Илијоски со волеј-удар се обиде од 20 метри, но неговиот атракетивен удар заврши малку над голот.

74’ - Здравков во идеална шанса, но неговиот удар минува крај голот на Пелистер.

72’ - Удар на Вучетиќ од 20 метри, топката за малку минува крај левиот дирек на Пелистер.

66’ - Лукас е сам пред голот на Брегалница, неговиот удар од 15 метри оди над голот на Кобетиќ.

 60’ - Лукас е во гол шанса, но само го тресе надворешниот дел на мрежата на Кобетиќ.

51’ ГОООЛ - Нафрлена топката пред голот на Брегалница од каде Мециновиќ со глава ја враќа топката на втората статива, а таму Лукас умешно ја спроведува во мрежата.

27’ ГОООЛ - Автогол на Мециновиќ по центаршутот на Ѓоревски.

1’ - Иве Трофуновски со удар од 25 метри се обиде да го изненади голманот Кобетиќ.


 

МАКЕДОНИЈА ЃП - РЕНОВА 1:3 (0:3)

92’ ГОООЛ - Јунузи од пет-шест метри го даде почесниот гол за Македонија ЃП.

14’ ГОООЛ - Велинов бие од лево речиси од мртов агол, топката незгодно отскокна и мина меѓу голманот Кандикјан и влезе во мрежата.

5’ ГОООЛ - Слободен удар од десната страна, на петерецот каде што Муслиу овојпат со нога зголемува на 2-0.

2’ ГОООЛ - Гафури изведе корнер од десно, на првиот дирек Висар Муслиу со глава ја зафати топката и испрати во спортивниот агол.

 


ПОБЕДА - СИЛЕКС 1:0 (0:0)

90+2’ ГОООЛ - Јорданчно Наумоски погодува од белата точка. претходно во 89. минута мешаница пред голот на гостите, некој играше со рака од фудбалерите на Силекс, судијата Мечкаровски покажа на белата точка прилепчани. Следуваше рекација од кратовци, Мечкаровски остана доследен на својата одлука. Благоја Гешовски ја намести типката на белата точка и кога се спремаше да шутира, гостинскиот фудбалер Недељковиќ ја шутна, по што овој реагираше и го врати за врат силексовецот. Мечкаровски реагираше му покажа црвен картон на Гешовски, а жолт картон на Недељковиќ. Мораше да дојде до смена на изведувачот, одговорноста ја превзема Наумоски. 

23’ - Илиовски од лево од 15 метри шутира за малку непрецизно покрај левиот дирек.

2’ - По фаулот на гостинскиот фудбалер Недељковиќ дојде до мешаница, односно мал инцидент меѓу двете екипи, судијата Мечкаровски веднаш спречи да дојде до нешто поголемо.

УТРЕ, 16 Ч
РАБОТНИЧКИ - ШКУПИ

Секако дека дербито на 29. коло меѓу Шкендија и Вардар ќе биде централен натпревар попладнево. Се игра во Тетово пред празни трибини поради казната за Шкендија по инцидентите минатата среда во куп мечот исто така со Вардар.
Во Штип гостува Пелистер. Важен меч и за „сините“ и за „зелените“, токму затоа се очекува максимално неизвесен и борбен натпревар. Во Ѓорче „лавовите“ ја дочекуваат Ренова а во Прилеп на стадиончето на Могила силите ќе ги одмерат Победа и Силекс. Утре на стадионот во Ѓорче колото го затвораат Работнички и Шкупи.
И овојпат ќе вршиме текстуален пренос во живо



Датум: 26.04.2017, 15:37
Статијата е прочитана 1328 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
17.10.2017
17.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
16.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense