| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.08.2017

Струга Трим Лум покажа сила уште на стартот

Во локалното дерби денеска тимот на Струга го победи Лабуништа и имаше одличен почеток на Втората лига

Триумфот само докажува за играчкиот кадар кој го има овој состав, и кој важи за еден од фаворитите за првото место и пласман во прволигашката конкуренција.

Денеска Струга Трим Лум беше подобар противник од Лабуништа и победи со головите на Лога и на Трпески. Со тоа покажувајќи сила уште во првото коло од второлигашката конкуренција.

Дека Струга има респектабилен тим, покажува и составот. Во тимот играат играчи кои што имаат прволигашко искуство, а некои од нив се поранешни репрезентативци во помладите селекции како што се Таири, Главевски, Тафа, Георгиевски... Тука се уште и Трпески, Мерџани, Шерифи, Лога и другите кои што се спој на младост и искуство кое треба да го донесе посакуваниот резултат. Тука е тренерот Неџат Хусеин кој што има доволно искуство да ги „склопи“ коцките и секој натпревар да го одбере најдобриот тим.

Голема заслуга за градењето на овој тим има и спонзорот „Трим Лум“ кој што има големи планови за иднина, и сето тоа треба да се реализира уште во оваа сезона кога се очекува тимот во жестока конкуренција во Втората лига запад, ќе се бори за врвот на табелата.



Датум: 27.08.2017, 22:32
Статијата е прочитана 2796 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
18.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense