| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

11.09.2017

Ристовски во составот на Спортинг

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски може да го има дебито за Спортинг Лисабон во групната фаза на Лигата на шампионите, и тоа на стадионот „Караискакис“, против Олимпијакос

Ексфудбалерот на Риека беше вклучен во составот кој отпатува за Атина и очекува тренерот Жорге Жесус да го стави во игра откако првиот десен бек Кристијано Пичини се повреди на последниот меч од португалскиот шампионат. И Пичини отпатува за Атина, меѓутоа Жесус ќе чека до последен момент дозвола од лекарската екипа за негов настап. Ако младинскиот италијански репрезентативец не може да игра, ете шанса за Ристовски, кој во Спортинг дојде пред неколку недели.
Единствено во Атина не отпатува левиот бек Фабио Коентрао, кој има посериозна повреда.


 



Датум: 11.09.2017, 16:15
Статијата е прочитана 725 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense