| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

20.04.2017

Скаути на Арсенал в недела на „Чаир“

Боби Бенет кој што е задолжен за „ловење“ на млади таленти за потребите на лондонскиот гигант, викендов ќе престојува во скопје

Екипата на Шкупи ќе има специјални гости на претстојното градско дерби против екипата на Вардар што ќе се игра в недела, на стадионот на Чаир.Тоа ќе биде еден од главните скаути за млади таленти на англискиот фудбалски гигант Арсенал, Боби Бенет. Како што потврдуваат од чаирскиот клуб, Бенет официјално го најавил своето присуство на натпреварот, кое доаѓа во рамки на посетата на регионот во која ќе проследи неколку фудбалски натпревари, меѓу кои и скопското дерби.

Сепак, за време на посетата на Македонија Бенет ќе ја извршува и својата примарна функција, а тоа е скаутирање на младите играчи што ќе се појават на теренот. Целта на Англичанецот е подобро да се запознае со дел од најдобрите таленти од Македонија.  Неофицијално, најдетално ќе биде следен настапот на 20-годишниот Бесар Исени, но шанса да го импресионираат скаутот од Англија ќе имаат и Јасир Асани, Флориан Кадриу, Едис Малиќи, сите на возраст меѓу 20 и 21 година од Шкупи, како и неколку играчи од Вардар како Дарко Велковски, Бесир Демири, Бобан Николов, Петар Петковски кои што ќе бидат дел од селекцијата на Македонија до 21 година на престојното ЕП во Полска.



Датум: 20.04.2017, 11:15
Статијата е прочитана 4750 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense