| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

04.11.2017

Несторовски „ослободен“ од репрезентацијата

Селекторот Англовски се согласи да го ослободи капитенот на Палермо за обврските во Серија „Б“

После серијата на писма на адреса на ФФМ и на селекторот од страна на Палермо, конечно, доби разрешница целиот случај околу кој непотребно се дигна многу врева. Селекторот Ангеловски му врати на Зампарини со тоа што го прифати барањето да биде ослободен за клупските обврски.
Еве дел од реакцијата на Ангеловски:
„На ваша континуирано барање Несторовски да биде ослободен, го прифаќам барањето. Ви благодарам  за вашето разбирање за термините на ФИФА“, напишал селекторот на челниците на Палермо.
Затоа, пак, ќе нема измени околу статусот на Алекс Трајковски кој ќе биде на располагање на Ангеловски, а селекторот нема да повикува нов играч на местото на Несторовски.



Датум: 04.11.2017, 15:57
Статијата е прочитана 1138 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
22.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense