| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

02.04.2017

Панчев на средба со Вардар, ПРЕД ДЕРБИТО


Популарната „Кобра“ утринава бил на средба со првиот човек на клубот Сергеј Самсоненко каде што ги следел младинските категории, а попладнево се очекува да се појави на дербито

(ФОТО: МАКЕДОНСКИ СПОРТ)

Дарко Панчев утринава е во Фудбалската Академија на Вардар веднаш позади источната трибина каде што имал средба со Сергеј Самсоненко, а заедно ги следеле младите категории на Вардар, а попладнево легендата на македонскиот фудбал и првиот човек на „црвено-црните“ ќе го следат дербито помеѓу Вардар и Работнички.

Панчев и Самсоненко ја искористија средбата и за продлабочување на идната соработка, за која веќе пишуваше „Македонски спорт“. Само прашање на време е кога ќе биде промоцијата на „Кобрата“ во Вардар, а истата се очекува да се случи во текот на идната недела.

Со тоа и дефинитивно ќе се остварат нашите најави дека Панчев ќе се врати во Вардар, нешто за кое пишувавме уште пред две недели.



Датум: 02.04.2017, 14:27
Статијата е прочитана 4035 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
23.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense