| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

27.03.2017

НИКОЛОВ: Одиме на победа, не за бадијала сме меѓу најдобрите 12 во Европа

Капитенот Бобан Николов смета дека и на натпреварот против Бугарија, нашата репрезентација ќе ја повтори својата вредност.

Репрезентацијата на Македонија до 21 година утре против Бугарија во 14:00 часот игра пријателски натпревар на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. За фудбалерите кои ќе настапат на Европското првенство во Полска од 17. јуни овој меч е веројатно последниот тест пред континенталниот шампионат.
„Без разлика што е пријателски, овој натпревар е многу важен за нас затоа што ова е веројатно последниот подготвителен меч пред Европското првенство во Полска. Одиме на победа, ние сме меѓу најдобрите 12 репрезентации во Европа и повтороно ќе се обидеме да ја покажеме нашата вредност. Го оставаме зад нас натпреварот против Лихтенштајн и се фокусираме на Бугарија. Се надевам дека и публиката ќе не бодри како и досега и ќе биде наш играч повеќе, изјави Бобан Николов.



Датум: 27.03.2017, 14:45
Статијата е прочитана 2537 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense