| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.04.2017


Сега е во прашање честа

За тетовци веројатно заврши првенството, останува сега Шкендија да игра за својата чест


И покрај тоа што математички сè уште ништо не е готово, сепак, се чини дека е готово за Шкендија, барем кога станува збор за првенството. Тие големи, огромни 11 бодови предност на Вардар не само што се големи туку делуваат и деморализирачки за тетовци. Таа предност е најголема во досегашната битка меѓу двете „црвено-црни“ екипи.
И затоа сега во прашање честа на Шкендија, честа на сите играчи, тренери па ако сакате и на сите во клубот. Затоа без разлика на фактот дека тетовци нема за што толку да се грижат во однос на бодовите, сепак, мора да се победува, мора да се освојуваат бодови.


ПЕЛИСТЕР, ВАРДАР, СИЛЕКС, ШКУПИ
Шкендија во тековниот месец има навистина тежок, па и незгоден распоред. Веќе в сабота му гостува на Пелистер во рамките на 27. коло. Потоа доаѓа на ред веројатно мечот на пролетниот дел, а тоа реваншот со Вардар во 1/2 финалето во Купот на Македонија. Потоа се гостува на Силекс на 23 април во рамките на 28. коло. Три дена подоцна во Тетово одново доаѓа Вардар, но сега ќе се игра првенствен натпревар. И на крај месецот завршува на 30 април со гостувањето на Чаир кај Шкупи. Значи Шкендија од 15 па до 30 овој месец ќе одигра пет натпревари.



Датум: 14.04.2017, 09:35
Статијата е прочитана 1666 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense