| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

14.09.2017

Липоски на средба со Фурсенко, претседателот на Зенит

„Со првиот човек на Зенит, инаку некогашен претседател на Фудбалската Федерација на Русија, ме врзува старо пријателство. Затоа попладнево бев во „Александар Палас“ за да го посетам“ ни изјави Лазо Липоски

Успешната кариера во Русија, во Анжи, како голман а потоа и како директор, за Лазо Липски, инаку сега еден од нашите најпознати менаџери, значат и многи познанства, врски, контакти. Па така Липоски со првиот човек на Зенит Сергеј Фурсенко го врзува долгогодишно пријателство.
„Со Фурсеснко, некогашен претседател на Фудбалската Федерација на Русија се знам одамна. Затоа и бев во „Александар Палас“ за да го посетам попладнево. Имавме нешто повеќе од половина час пријателски разговор. Исто така се видов и со Бане Ивановиќ, секако и со спортскиот директор на Зенит Константин Сарсанија. Тие се мои пријатели и јас ги почитувам, исто и тие мене. Се радувам што вакви големи клубови како Зенит доаѓаат во мојата Македонија и играат во групната фаза од ЛЕ со наши клубови како Вардар. Зенит е голем, гигантски клуб, сум играл навремето против него. Според мене Зенит и ЦСКА оваа година  се најголеми кандидати за титулата во Русија а според Фурсенко тие имаа големи амбиции и во Лигата на Европа. Вардар за Зенит е репер она што нашиот тим го направи со Фенербахче, тие затоа го респектираат Вардар. Сепак според мене Зенит со оглед на квалитетите е во мала предност во поглед на исходот на овој натпревар. Посакувам спектакл, прекрасен натпревар. Како и секој искрен љубител на фудбалот“ ни изјави Липоски кој долги години престојуваше во Русија, прво како голман во Анжи а потоа и како функционер. Нешто што никој наш фудбалер, освен него, го нема направено.



Датум: 14.09.2017, 19:44
Статијата е прочитана 4512 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
20.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense