| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

30.01.2018

Јаковска потпиша за швајцарски Алстетен

Македонската фудбалерка по една полусезона во Турција, се сели во Швајцарија

Ели Јаковска, македонската репрезентативка во фудбал по една полусезона во Бешикташ, се пресели во Швајцарија и потпиша за прволигашот Алстетен/Јувентус од Цирих.
„По завршувањето на есенската полусезона во Турција, добив понуда од неколку клубови кои беа заинтересирани за моите услуги. Бидејки моите амбиции одсекогаш биле да заиграм во некоја од европските лиги,понудата на швајцарскиот прволигаш Алстетен/Јувентус од Цирих беше доста конректна и ме натера после една полусезона помината во Турција да се преселам во Швајцарија и потпишам за клубот кој се наоѓа на делба на првото место на табелата со реални шанси од идната сезона да избори пласман во супер НЛБ лигата на Швајцарија“, изјави Јаковска.




Датум: 30.01.2018, 19:06
Статијата е прочитана 633 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense