| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

25.02.2017

Милан Илиевски ќе биде во стручниот штаб на „А“ селекцијата

Откако Арѓент Беќири влезе во УО на ФФМ, на негово место, како еден од поомошниците на селекторот Игор Ангеловски ќе биде Милан Илиевски, помошниот тренер на Работнички


Се чини дека е решена дилемата за тоа кој ќе биде замената за Арѓент Беќири, сега веќе екс помошникот на Игор Ангеловски во стручниот штаб на нашата најдобра репрезентација. Тоа е Милан Илиевски, од неодамна и прв помошник на Виктор Треневски во Работнички. Илиевски е нашиот најтрофеен фудбалер во самостојна Македонија, а својата тренерска кариера ја започна од неодамна. Како што дознаваме тој покрај работата во репрезентацијата, ќе остане и во стручниот штаб на „романтичарите“.



Датум: 25.02.2017, 20:01
Статијата е прочитана 5683 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense