| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

05.10.2017


Италија ќе чува сили за бараж


На големи критики е селекторот Џампјеро Вентура зошто „аѕурите“ ја загубија војната со Шпанија за директен пласман во Русија. Сепак, рафалот ќе биде „убиствен“ за него ако Италија не избори место на СП. За тоа мора да играат бараж во ноември, а дуелите со Македонија и Албанија им се загревање

Фудбалерите на Италија не го паметат Торино по добро. Оваа репрезентација во овој град, каде што утре се игра средбата со Македонија, одигра 1:1 со Шпанија, пред една година. Тука започна да се губи „војната“ со „фуријата“ во битката за првото место во групата и за пласман на СП во Русија. Играа во Торино, но на стадионот на Јувентус. Сега дуелот со Македонија се игра на стадионот кој е олимписки и на кој настапува екипата на Торино. Тоа е „домот“ на селекторот Вентура, кој тука, на овој терен, го предводеше тимот на Торино и ги направи резултатите по кои дојде и трасферот во репрезентацијата.
Вентура!? Селекторот на Италија е во небрано. Тој е под постојани критики поради неуспехот да се биде пред Шпанија, а чашата ја прелеа поразот од „фуријата“ минатиот месец од 3:0. Огромен пораз, кој значеше и „капитулација“. Сега Италија игра со Македонија и со Албанија, а мисли на баражот во ноември. Тоа е последниот воз да се фати место на завршницата.


Откажаа Де Роси, Верати...

Дали ќе се штеди Италија утре со Македонија и в понеделник против Албанија? Пред дуелите, поради ситни повреди, настапите ги откажаа Даниеле де Роси од Рома и Марко Верати од ПСЖ. Многу битни алки во селекцијата на „аѕурите“, особено во средниот ред. Двајцата добија шанса да се одморат или навистина станува збор за сериозни проблеми? Ако во ноември е да се биде или не за Италија, тоа значи дека Вентура размислува како да се освојат 6 бода во следните дуели со половина сили. Да не се форсира тимот, да не се добијат жолти картони. Едно се знае. Македонија нема што да загуби и ќе стори сѐ да се врати со добар резултат од Торино.
Она што е јасно е тоа дека отказот на Белоти е оправдан и тој има сериозна повреда.



Датум: 05.10.2017, 13:27
Статијата е прочитана 344 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
18.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense