| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

28.09.2017

Јаневски е норвешка школа

Тренерот на Вардар 7 години беше асистент на Тронд Солиед еден од најуспешните стратези од Норвешка

Чедомир Јаневски вечерва се враќа во Трондхајм на клупата предвидена за гостинските фудбалери. На истата таа клупа на „Леркендал“ стадионот во Норвешка седеше сегашниот тренер на Вардар на 23 ноември 2005 година. Во тоа време беше асистент на Тронд Солиед со кого го водеа Олимпијакос.
Норвежаните добро знаат за квалитетоте на Јаневски кој 7 години беше асистент на еден од најпознатиоте и најуспешни тренери од Норвешка.
Јаневски со Тронд Солиед почна во Клуб Бриж, потоа заминаа во Олимпијакос па во Гент.

„Се слушнавме со Тронд Солиед баш пред некој ден“, изјави Јаневски за медиумите во Норвешка кои прашуваа дали Солиед му ги кажал слабите точки на Розенборг.
Во таа 2005 година Јаневски и Олимпијакос одиграа 1:1 во Трондхајм. Резултат кој ако се повтори и вечерва би бил историски за Вардар.
Токму учителот на Јаневски е легенда на Розенборг и како играч но покасно и како тренер. Таа норвешка тренерска школа и игра Јаневски добро ја знае. Тоа е добро вечерва и за Вардар...



Датум: 28.09.2017, 17:13
Статијата е прочитана 740 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense