| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.03.2017

Спас од ЦАС: Адеми се враќа


Судот за спорт во Лозана му ја намали казната на Адеми на две години


Пред неколку минути Спортскиот суд во Лозана ја прифати жалбата на Аријан Адеми и неговиот клуб Динамо Загреб и му ја намали казната на фудбалерот од првичните четири на две години. Тоа значи дека Адеми во јуни ќе му се врати на фудбалот, а од септември, кога ќе изминат две години, ќе може да игра натпревари.

Адеми беше фатен на допинг контрола по мечот со Арсенал во Лигата на шампионите на 13 септември 2015 година. Тој беше позитивен на анаболички стероид станозол кој е на врвот на листата на забранети супстанции.

Откако Дисциплинскиот суд на УЕФА ја одби жалбата и само ја потврди одлуката за суспензија, истата е проследена до ЦАС кој по неколку одложувања, конечно, ја преполови казната по што македонскиот репрезентативец од наредната сезона може да се посвети на фудбалот.

 



Датум: 24.03.2017, 18:27
Статијата е прочитана 4864 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
16.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense