| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

22.01.2018

Шкендија стартуваше со пораз (видео)

Тетовци загубија од Цирих со 1:2 во својата прва контрола во Анталија. Трет меч оваа зима на некоја наша екипа во Анталија и трет пораз

Тетовските „црвено - црни“ со пораз ги стартуваа пријателските мечеви во Анталија. Шкендија денеска загуби од Цирих со 1:2, стрелец на голот на есенскиот првак беше Ибраими во 90. минута а головите за тимот од Швајцарија беа дело на Двамена и Родригез во 65. и 70. минута.
Интересно е тоа што ова беше трет пријателски меч во Анталија оваа зина на некоја наша екипа и трет пораз. Претходно Вардар и Академија Пандев загубија на своите мечеви.
Инаку тоа беше меч со две различни полувремиња но и со многу шанси за Шкендија, особено во првиот дел кога тетовци можеа во неколку наврати да тресат противничката мрежа.
Шкендија го започна мечот со следните единаесетмина: Захов, Бејтулаи, Адили, Теќа, Цуцули, Фазлагиќ, Алими, Хасани, Жуниор, Ибраими, Радески. Но уште во втората минута Цуцули се повреди и место него во игра влезе Тодоровски.

Во првиот дел од мечот Шкендија апсолутно доминираше, и според играта требаше првото полувреме да го заврши со 2-3 голови разлика. Но, Жуниор прво ја погоди пречката а потоа упати шут со глава но голманот на Цирих одбрани. Во 15. минута Ибраими му „сервираше“ супер шанса на Радески но, овој за малку не стигна да шутне во празниот гол. Ибраими и Хасани со шутеви од далечина се обидуваа но, безуспешно, па така првите 45 минути завршија 0:0.

Во второто полувреме сосема различна приказна. Откако тренерот на тетовци Ќатип Османи им даде шанса на повеќе свои помлади играчи тимот од Швајцарија ја презеде иницијативата и успеа преку Двамена и Родригез во 64. и 75. минута да постигне два гола. Во тие моменти Хасани имаше супер шанса но не успеа да реализира, во 82. минута пак Ибраими ја погоди пречката. Тој успеа да погоди во 90. минута но само за 1:2.

ПОГОДОКОТ НА ИБРАИМИ



Датум: 22.01.2018, 15:36
Статијата е прочитана 970 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense