| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

06.10.2017


„Аѕурите“ може водат да му носат на Пандев

 


Пандев може да се пофали дека речиси 17 години настапува во земја каква што е Италија, играл во повеќе клубови, освојувал првенства и купови, бил и европски шампион

Пандев вечерва ќе го одигра својот јубилеен 90. натпревар во дресот со државниот грб. Кога сме кај стартерите на вечерашниот меч на „Олимпико“ во Торино, со повеќе натпревари може да се пофалат само неговите ривали Буфон и Кјелини. Легендарниот голман има 171 меч, а стоперот на шампионот на Италија - 92. Сите останати се далеку, далеку зад оваа тројка. 
Кога сме кај головите за својата репрезентација, еве да земеме само еден податок. Сите актуелни репрезентативци на Италија досега заедно постигнале 42 гола за својата земја. А само Пандев, само тој, пак, се радувал на 30 гола за својата Македонија. Можеме само да претпоставиме колкава ќе биде неговата радост ако вечерва го тресе големиот и легендарен голман Џиџи Буфон. Тие двајца имале многу дуели на клупски план, Пандев му давал голови, но не и во репрезентацијата. Можеби, вечерва ќе бидеме сведоци на такво нешто.
-335 мечеви е бројката што Пандев досега ја забележа како настапи во Серија А. Има настапи и во пониските лиги, кога играше во клубови како Специја.
-75 гола постигна нашиот капитен во елитната лига на Италија, бројка што ниту еден од актуелните репрезентативци ја нема досега.
- 17 години Горан Пандев е во Италија, само една сезона играше за Галатасарај. Потоа се врати на Чизамата, сега е член на Џенова, каде што, исто така, има забележителни настапи.

 

 



Датум: 06.10.2017, 11:06
Статијата е прочитана 1075 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
22.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense