| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

21.12.2017

Трајковски со гол, Палермо со бод

Македонецот погоди во 9. минута, но Чезена успеа да израмни и на крајот натпреварот да заврши нерешено

Александар Трајковски е во одлична форма кон крајот на оваа година. Македонскиот репрезентативец денеска постигна уште еден гол во „ремито“ на Палермо на гостувањето кај Чезена.

Македонецот во 9. минута донесе водство на Палермо, кое не траеше долго, до 34. минута кога противникот успеа да израмни и така да дојде до бод.

За Трајковски ова беше трет гол во оваа сезона. Поради повреда, во гостинскиот состав го немаше Илија Несторовски.



Датум: 21.12.2017, 23:39
Статијата е прочитана 717 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense