| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

03.11.2017

Нестор брилјира: И Пескара на неговиот список

Илија Несторовски ја тресеше и Пескара. Негов деветти гол сезонава

Дуелот меѓу поранешните прволигаши Пескара и Палермо заврши со 2:2. Илија Несторовски беше стрелец на вториот гол за предност на сицилијанскиот тим од 1:2.
Домашните поведоа со голот на Капоне во 10. минута, а изедначи Чочев пет минути подоцна. Несторовски во 33 минута одлично пласираше во голот на противничкиот голман за водство на Палермо кој не успеа да ги освои трите бода затоа што на почетокот на второто полувреме Бругман израмни на 2:2.
Палермо по 13 кола е прв на табелата со 22 бода, а зад него се триото Емполи, Фросиноне и Парма со по 20 бодови и меч помалку. Несторовски во досегашниот дел од сезоната има девет голови, а пред него е само Франческо Капуто од Емполи со 10 гола.



Датум: 03.11.2017, 22:30
Статијата е прочитана 2165 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
24.11.2017
23.11.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense