| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

24.01.2018

Лозана: Идеални ривали се Ф. Острови, Лихтенштајн и Гибралтар

Денеска во 12 часот ќе се одржи ждрепката за Лига на Нации, желбите се што полесна група за да немаме проблеми да се пласираме на првото место

Денеска во 12 часот во Лозана нашата најдобра фудбалска репрезентација ќе ги дознае своите ривали во Лигата на Нации во сегментот „Д“, каде што е и носител на групата. Во селекторот Игор Ангеловски и директорот на репрезентацијата Саша Ќириќ, имаме свои претставници на самата ждрепка. Инаку ако веќе имаме желби, тогаш тие се Македонија да добие што полесни ривали како би немале никакви проблеми околу изборувањето на првото место. Па така не би имале ништо против Македонија за противници да ги добие селекциите на Ф. Острови, Лихтенштајн и Гибралтар.




Датум: 24.01.2018, 10:03
Статијата е прочитана 1264 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
18.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense