| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

18.01.2018

Видеотон го промовираше Николов

Вечерва и официјално фудбалерот од средниот ред стана дел од унгарскиот вицепрвак

Видеотон го „грабна“ Бобан Николов. Фудбалерот од средниот ред и официјално стана дел од унгарскиот тим, и со тоа после две и пол години минати во Вардар, Николов одново е во странство.

На Николов договорот му истекуваше идното лето, но двете страни се договорија за соработка која се официјализираше вечерва.

„Многу сум среќен што станав дел од овој клуб. Дојдов тука да освојувам титули. Благодарност до Вардар за соработка. Минатата есен беше круна на добрата соработка затоа што игравме во Лигата на Европа. Прв пат бев дел од ова натпреварување, и се надевам дека и со Видеотон ќе имам успеси како на домашна, така и на меѓународна сцена“, истакна Николов по промоцијата.



Датум: 18.01.2018, 22:03
Статијата е прочитана 1789 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
19.02.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense