| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

31.03.2017

Мрме: Го сакам Пандев и во следните квалификации


„Моја голема желба е да го имам капитенот и за наредниот циклус, оној за ЕП 2020 година. Со него во репрезентацијата и останатите се подобри“ истакнува селекторот Игор Ангеловски


Пандев е Пандев. Без разлика на возраста убаво се виде со Белорусија што значи тој за нашата репрезентација. Токму затоа селекторот Игор Ангеловски не крие дека го сака капитенот и за идниот квалификациски циклус, оној за ЕП 2020 година.
„Еве да откријам една тајна. Не ме интересира колку години ќе има капитенот од 2018 година па натаму. Јас го сакам во репрезентација, го сакаат и неговите колеги. Дали ќе игра 10, 20 или 30 минути или, пак, цел меч ако има сила, нас ни е потребен и неопходен. Покрај него сите други се подобри“ истакна во дел од интервјуто за „Македонски спорт“ предводникот на нашата најдобра репрезентација Игор Ангеловски.



Датум: 31.03.2017, 15:55
Статијата е прочитана 4927 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
21.10.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense