| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

19.01.2017

Шкендија ги претстави Меџедовиќ и Чолак

Тоа се првите нови имиња во редовите на тетовскиот клуб оваа зима. Ќе има најмалку уште двајца.


Она што ексклузивно „Македонски спорт“ го објави пред три дена денеска се оствари. Дино Меџедовиќ (27) и официјално е ново име во редовите на Шкендија, напаѓачот од БиХ кој играл за повеќе клубови во Германија а има соработувано со Томас Брдариќ во вториот тим на Волфсбург, пред малку и беше претставен на јавноста како нов фудбалер на Шкендија. Исто така и дефанзивецот Јуре Чолак (27), потпиша и веднаш е промовиран од страна на тетовскиот клуб. Тој пак има работено со Брдариќ во Штајнбах. Во текот на денешниот или утрешниот ден и Иван Челиковиќ, левиот бек од Интер Запрешиќ би требало да го официјализира трансферот во Шкендија.



Датум: 20.01.2017, 10:24
Статијата е прочитана 2888 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
15.12.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense