| контакт | маркетинг

17.03.2017

Унгарките ги „уништија“ јуниорките

Младата женска ракометна репрезентација доживеа висок пораз од 18:33 од Унгарија во првиот квалификациски меч за ЕП во Словенија

Нашите девојки не успеаа да направат изненадување против фаворизираниот противник, кој едноставно немаше милост, особено во второто полувреме. До заминувањето на пауза меѓу двете полувремиња, Македонија имаше некаков резултатски приклучок и губевме со 7:11.
Сепак, во второто полувреме следеше вистински бродолом од наша страна. А тоа селекција како Унгарија знае да го искористи.
Најефикасна ракометарка кај нас беше Леонида Гичевска со седум погодоци, додека кај Унгарките Мартон имаше девет голови од десет упатени удари.
Утрешниот наш противник е Молдавија, која исто така доживеа убедлив пораз, но, од Фарски Острови. Најдобрите две репрезентации од оваа четворка ќе обезбедат настап на ЕП во Словенија.



Датум: 17.03.2017, 21:40
Статијата е прочитана 552 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
25.03.2017
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense