| контакт | маркетинг
ФУДБАЛ

08.12.2017

ИЛИЈОСКИ: НЕ ГО ДАВАМ РЕКОРДОТ ТАКА ЛЕСНО

„Во следниот период ќе биде интересна битката со Бесарт Ибраими, кому засега му бегам 10 гола. Не се откажувам така лесно од мојот рекорд“, вели Илијоски, кој допрва треба да реши каде ќе ја продолжи кариерата

Баже Илијоски, искусниот напаѓач, по болеста и отсуството од зелените терени некаде околу еден месец, вели дека ќе му се врати на фудбалот посилен и дека нема намера така лесно да го предаде рекордот од 130 прволигашки гола. Бесарт Ибраими, фантастичниот напаѓач на Шкендија, опасно му се заканува да го сруши тој рекорд, бидејќи засега дојде до бројката од 120 гола.
Болеста е минато, почнав со џогинг и се надевам дека веднаш по новогодишните празници, ќе почнам со вообичаените тренинзи. Инаку, што се однесува до битката со Бесарт, секако дека ќе биде интересно, нему засега му бегам 10 гола. Инаку, не се откажувам така лесно од рекордот. Инаку, навистина не треба да се трошат зборови за квалитетите на Ибраими, тој е супер голгетер и ако навистина го сруши мојот рекорд, нема да ми биде жал затоа што навистина го ценам. Тој е еден од нашите најдобри голгетери, да се стигне до бројката од 120 гола, навистина не е мала работа. Рекордите се тука за да се рушат, така, впрочем, беше и со мојот случај кога ги минав Зоран Бошковски и Ванчо Мицевски“, вели Илијоски.



Датум: 08.12.2017, 10:53
Статијата е прочитана 2091 пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
19.04.2018
МИКС
повеќе >
SPORT.COM.MK 2014. сите права задржани
DEVELOPED BY Nextsense